Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши на Перу да му ја одземе организацијата на Светското првенство за фудбалери до 17 години, поради недостиг на потребната инфраструктура.

„Сега нема доволно време да се обезбеди потребната инвестиција и да се заврши потребната работа со перуанската влада пред почетокот на натпреварувањето “,
се вели во соопштението на ФИФА.

Засега од ФИФА нема информација, кој ќе го преземе домаќинството на Светското првенство за фудбалери до 17 години.

Само пред една недела ФИФА и ја одзеде на Индонезија организацијата на младинскиот Мундијал за играчи до 20 години, бидејќи оваа азиската земја не сакаше Израел да учествува на турнирот  што ќе се одржи во мај.