Екипата на Лацио забележа важна победа со која за зголеми разликата во односно на Интер во трката за второто место на табелата во Серија А.

Тимот од Рим славеше на гостувањето кај Монца со 2-0 во дуелот од 28-то коло одигран попладнево.

Шпанскиот ветеран, Педро во 13-тата минута му донесе предност на Лацио од 1-0 кој ја беше актуелна се до 56-тата минута кога на ефектен начин, од слободен удар српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ зголеми на 2-0.

Сега Лацио има 5 бодови повеќе од Интер кој синоќа на домашен терен загуби од Фиорентина со 1-0.

Неприкосновено прв е тимот на Наполу кој досега собра 71 бод и е се поблиску до освојувањето на Скудетото.