Екипата на Вардар ја одбележа првата победа во плеј-офот во женската Супер лига против Стружанка со резултат 35-17.

На почетокот двата тима дадоа по еден гол, по што Стружанка поведе со 3-1. Но, вардарки не дозволија да се зголеми разликата, па брзп израмнија на 3-3. Црвено-црните ја презедоа игра во своите раце и веќе во 16.минута домаќините поведоа со плус пет (10-5). На крајот на полувренето Вардар стигна и до двоцифрена предност со десет разлика (19-9).

Вардар во второто полувреме само ја зголемуваа разликата. Па во 41.минута вардарки поведоа со 28-12 за плус 16. До крајот го рутинирано го одржуваа резултат за конечни 35-17.

Во редовите на Вардар најефикасни беа Магдалена Тошевска и Ивона Трпевска со седум гола, колку што постигна Магдалена Делиоска за гостинките.

Вчера во првиот натпревар од ова коли, Чаир го победи Металург со 35-28,  а денеска се игра и средбата меѓу Куманово и Ѓорче Петров, додека утре оваа рунда ќе ја заокружат Пелистер и Овче Поле.

Ивона Кимовска