Во првиот натпревар од денешната програма во Втората машка кошаркарска лига, екипата на Шкупи забележа важна победа. Чаирчани го добија дуелот против Охрид што е во рамките од претпоследното 21-во коло и ги задржаа шансите за пласман во плејофот. Натпреварот не почна добро за домаќините. За загубија првата со 4 разлика (20-24), а на полувремето заминаа со -3 (39-42). Гостите од Охрид имаа предност се до 25.минута (46-47) кога тргна серијата на домашните кошаркари од 18-2, па во последниот квартал Шкупи влезе со големи +15 (64-49). Рутински домакините го приведоа мечот кон крајот за конечни 81-61.

Со оваа победа како и вчерашниот пораз, по продолжение, на МЗТ од Работнички, чаирчани драстично ги зголемија шансите за место во плејофот, за кој во игра остануваат и охриѓани, како и екипата на Водно Санс.