Сениорската женска репрезентација на Македонија во рамки на женска ЕХФ недела која започнува од 03.04 ќе одигра натпревари против репрезентацијата на Украина во европските квалификации за пласман на Светското првенство 2023, што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29 ноември до 17 декември 2023 година.

Селекторот Љубомир Савевски кој пред извесен пориод го објави поширокиот список на кој беа 35 ракометарки, денеска го скрати и избра 20 кои ќе конкурираат за настап на двата меча со Украинките.

Првиот собирот на репрезентација е закажан за во понеделник во 12:30 часот, во хотелот Александар Палас.

Македонија ќе биде домаќин на првиот меч што ќе се игра на 8 април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски”, а три дена подоцна ќе го одигра реванш натпреварот и тоа на неутрален терен во Кишварда, Унгарија.