Англија ја забележа и втората победа во Ц групата од квалификациите за ЕУРО 2024 во која настапува и селекцијата на Македонија.

Откако пред пред три дена ја совладаа Италија на гостински терен,  Англичаните денеска во Лондон на „Вембрли“ беа подобри од Украинците.

Првиот гол го постигна Хери Кејн во 37 минута, по одличен центар-шут од Сака кој го донесоа првото водство за „Гордиот Албион“.

Кратко потоа младиот Сака се запиша на листата на стрелци со одличен гол надвор од шеснаесетник со што го зголеми резултат на 2-0 за домаќинот.

Англичаните фуриозно напаѓаа со цел да го зголемат резултатот, иако со драстично поголем број на шанси во споредба со Украина, сепак резултатот остана непроменет.

Англија е моментална прва во група Ц со 6 бода додека нашите репрезентации се втори со еден натпревар помалку.

Во оваа група вечерва се игра и средбата Малта – Италија.