Актуелниот македонски ракометен првак Вардар шампионски го одигра првиот од двата натпревари против Еурофарм Пелистер во плејоф конкуренцијата по која треба да биде решен шампонот за оваа сезона.  

Голема борба долу на теренот, која беше прекината во 16-тата минута, не ја расипа сликата на она што го прокажаа ракометарите на самиот терен. Вардарци уште на полувремето ја најавија победата откако на одмор заминаа со три гола предност 13-10. 

И во вториот дел црбено-црните беа оние кои ја контролираа играта, а со тоа и резултатот па од минута во минута ја зголемуваат предноста, за на крајот да славата со седум голови разлика 31-24. 

Во победничката екипа, но и на натпреварот, најефикасни беа Филип Талески и Дејан Манасков кои постигнаа по 7 голови, додека на спротивната страна за битолчани Жарко Пешевски постигна пет. 

Со оваа победа сега со Вардар е осамен на врвот на табелата со трти бодови повеќе од Еурофарм Пелистер кој има вкупно 15, додека трет Алкалоид со 12, но што е поважно победата од седум голови на црвено-црните им дава големи шанси за одбрана на титулата.