Репрезентацијата на Хрватска испушти победа на стартот од квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Хрватите ги делеа секунди до триумф и освојување на трите бода во дуелот против Велс, а во рамките до Д групата.

Се добро започна за „коцкестите“ кои со голот на Крамариќ во 28-минута поведоа со 1-0. Се обидуваа Хрватите да стигнат до втор погодок, но резултатот остана не променет.

Кога сите очекуваа крај на мечот, во третата минута од судиското дополнение (90+3) фудбалерот на Ипсвич, Нејтан Бродхед, најдобро се снајде на уфрлувањето од десната страна и го постигна израмнувачкиот гол за гостите од Велс, потоа поставувајќи ги конечните 1-1.

Хрватите во вторник ги чека тешко гостување кај Турција кој денеска славеше на гостувањето кај Азербејџан со 2-1.