Фудбалската репрезентација на Македонија утре го започнува новиот циклус на квалификации за Европското првенство што ќе се одржи в 2024 година.

Црвено-жолтите за противник ќе ја имаат најслабата репрезентација во групата Малта која важи за апсолутен аутсајдер во конкуренција на Италија, Англија, Украина и се разбира Македонија.

Нашите фудбалери ја прифаќаат улогата на фаворити на утрешниот меч, па реално велат дека тоа ќе треба да се потврди со играта на теренот, но не размислуваат на ништо друго освен на победа.

,,Имаме квалитетна репрезентација за противник за која имаме почит. Но, утре се ќе зависи од нас самите. Ја научивме лекцијата од минатите натпревари и сметам дека сега ќе имаме поуспешен старт. Фаворити во денешен фудбал нема. Ќе мора да се даде максимум на секој меч. Малта е во подем, но имаме квалитет на задоволително ниво за да победиме“,
изјави селекторот Благоја Милевски.

Натпреварот Македонија – Малта што ќе се игра на националната арена Тодор Проевски во Скопје, ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути и еден од двата во Ц групата, во кој утре ќе играат и Италија – Англија во дербито.