Македонскиот претставник во второлигашката АБА кошаркарската лига, битолски Пелистер го дозна терминот во кој ќе го игра натпреварот од четвртфиналето против Крка. 

Пелистерци кои во своето второ учество изборија место во плејофот, ќе имаат тешка задача против најдобро рангираниот тим во лигашкиот дел, а водено и домаќин на завршниот турнир, словенечката Крка против која ќе игра во терминот од 18 часот. 

Тоа ќе биде третиот натпревар од четвртфиналето на турнирот што ќе се одржи во Ново Место од 12 до 16 април.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ВО АБА2 ЛИГАТА

(3) 3-6 ПОДГОРИЦА – ЗЛАТИБОР 12:00 часот
(2) 2-7 КРКА – СУТЈЕСКА 15:00 часот
(1) 1-8 ХЕЛИОС САНС – ПЕЛИСТЕР 18:00 часот
(4) 4-5 БОРАЦ – ШИРОКИ 21:00 часот

Во полуфиналето ќе играат победниците од натпреварите (1) и (4) односно (2) и (3) во петок 14 април, додека финалето ќе се игра на 16 април (сабота), а термините дополнително ќе бидат одредени.