Фуриозен натпревар на ,,Toпџиитe” за нова победа и три бода за +8 во однос на Манчестер Сити.
Избраниците на Артета на домашен терен ја оправдаа фаворитската улога против Кристал Палас и со убедливи 4-1 дојдоа до нови три бода.

Резултатот го отвори Габриел Мартинели во 28-та минута на одлична асистенција на Букајо Сака.
Токму Букајо Сака во финишот на полувремето ја затресе противничката мрежа и зголеми на 2-0.
Арсенал продолжи фуриозно и во вториот дел па по само 10 минути игра, капитенот Гранит Џака го искористи превизното додавање на Тросард за убедливи 3-0.

Почесниот гол на натпреварот за Кристал Палас беше дело на Џефри Шлуп во 63-тата минтута кога намали на 3-1.
Конечните 4-1 на натпреварот ги постави играчот на мечот Букајо Сака кој го постигна својот втор гол.

Арсенал со оваа победа отиде на 69 бода, осум бода повеќе во однос на Манчестер Сити.