Првата ѕвезда на Ал Наср и Саудиската лига, Кристијано Роналдо потсети на деновите кога беше страв и трепет за противничките голмани од слободен удар, па со проектил од 30 метри го матираше противничкиот голман.

Имено играше 78-та минута, а неговиот тим Ал Наср Ријад имаше негатива од 1-0 на гостувањето кај Абха, кога судијата досуди слободен удар за Ал Наср. Топката ја намести Кристијано Роналдо и со топовски удар кој помина преку ѓивиот ѕид го совлада противничкиот голман со што донесе изедначување 1-1.

Подоцна Ал Наср дојде и до целосен пресврт со голот на Талиска од пенал во 86-тата минута.

За Кристијано Роналдо ова е деветти погодок оваа сезона во Саудиската Премиер Лига, додека Ал Наср се наоѓа на втората позиција со бод заостанување зад лидерот.