МЗТ Скопје Аеродром е пред испит кој мора да го помине, доколку сака да си ги продолжи шансите за опстанок во АБА лигата.

Сино-белите ќе мора да ја искористат предноста на домашниот терен и да ја победат Игокеа, екипа која е директен конкурент на МЗТ за опстанок.

„Се радувам на средбата против мојот поранешен клуб, за кој ме врзуваат убави спомени и кој важи за еден од најдобро организираните во АБА. Пред МЗТ Скопје се уште 200 минути до крајот на сезоната и планираме секоја од нив да ја искористиме максимално квалитетно и добро на патот кон остварувањето на наша единствена цел – опстанокот во јадранската елита. Очекувам квалитетен меч, пред полни трибини каде што во голем број ќе се најде нашиот шести играч, односно нашите верни навивачи чија помош и бројност и тоа како ќе ни биде потребна“, изјави Драган Николиќ, тренерот на МЗТ.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Игокеа што ќе се игра во СЦ Јане Сандански ќе започне во терминот од 17 часот.