Денес во седиштето на УЕФА во Нион покрај ждребот за Лигата на Шампионите и Лига Европа се одржа и ждрепката за четвртфиналната фаза од третото по ранг европско натпреварување, Конференциската Лига.

Конференциската лига која за прв пат се одигра минатата сезона, добива се поголема популарност а ждрепката најави неколку интересни средби. Со оглед на тоа дека победникот на Конференциската Лига носи директно место во Лигата на Европа, сите клубови ќе сакаат да дојдат до самиот финиш и да се закитат со Европски трофеј.

Паровите во четвртфиналето на Конференциската лига изгледаат вака:

ЛЕХ ПОЗНЕН – ФИОРЕНТИНА
АЗ АЛКМАР – АНДЕРЛЕХТ
БАЗЕЛ – НИЦА
ГЕНТ – ВЕСТ ХЕМ

ДВОЈКИ ЗА 1/2 ФИНАЛЕТО
ЛЕХ ПОЗНЕН – ФИОРЕНТИНА  и  БАЗЕЛ – НИЦА
ГЕНТ – ВЕСТ ХЕМ и АНДЕРЛЕХТ – АЗ АЛКМАР

Четвртфиналните натпревари на програмата се на 13 и 20 април, полуфиналињата се закажани 11 и 18 мај, а големото финале ќе се игра на 7 јуни.