Искуснотo крило Гоце Ојлески се враќа на терените и тоа кога е нај потребно за екипата на Еурофарм Пелистер.
Битолчани уште ги очекува важен натпревар против Нексе во последното коло од А групата во СЕХА конкуренцијата, меч во кој пелистерци ќе ја бркаат своја втора победа.
„Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен штаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да издвојуваме позитивен резултат“, вели Ојлески.
Натпреварот, Еурофарм Пелистер – Нексе ќе се игра утре со почеток од 18 часот.