Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки Адријана Поп Арсова денеска постави нов македонски рекорд во полумаратон во женска конкуренција. Таа патеката од 21,1 километар во грчкиот град Трикала ја истрча за 1 час 13 минути 39 секунди и со тоа го подобри сопствениот рекорд поставен на Скопски маратон 2022 година кој изнесуваше 1:16.06 час.

Поп Арсова заврши како првопласирана на полумаратонската трка во женска конкуренција, а нејзиниот рекорд е воедно и рекорд на патеката во женска конкуренција.