Со денешната победа над Караорман екипата на Вардар изби на првото место на табелата во Втората македонска фудбалска лига.

На натпреварот од 18-тото коло, одигран на стадионот Борис Трајковски, вардарци славеа победа над Караорман со 4-1 .

Вардар поведе во 11-минута со голот на Николовски од пенал, а само две минути подоцна Филип Јаневски големи на 2-0. До крајот на првиот дел гостите со авто голот на Мишковски во 27-та минута намалија на 2-1. Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа Размоски и Митев, за конечни 4-1.

Со тоа црвено-црните сега се само на врвот на табуата со 49 бодови, два повеќе од Воска спорт која вчера одигра без голови 0-0 со Гостивар кој е на третаот место со 45 бодови.

Четврто рангиран е Пелистер кој вчера го совлада Охрид со 3-0.