Лидерот во Премисер лигата Арсенал запиша нова победа вкупно 21.ва во дуел од 27.коло откако во градското дерби го победи Фулам на „Кревин Котиџ“ со 3:0. Се беше завршено во првиот дел кога беа постигнати трите гола, а на сите три асистент беше ист играч Леандро Тросард. Во 21.та минута за 1:0 му асистираше по корнер на Габриел, пет минути подоцна Мартинели зголеми на 2:0, додека конечните 3:0 ги постави капитенот Одегард. Ова за Арсенал е петта победа во серија .

На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед и последнопласираниот Саутемптон одиграа без голови 0:0. Но, домашниот тим речиси еден час играше со играч помалку откако во 34.минута беше исклучен Касемиро поради опасен старт. Во вториот дел се играше отворено на двете страни, а и двата тима по еднаш ја погодија стативата.

На третиот натпревар одигран во овој термин Вест Хем и Астон Вила одиграа 1:1 (Бенрама 26.мин.(пенал) – Воткинс 17.мин).

Во терминот од 17:30 часот се игра дуелот Њукасл – Вулверхемптон.

Табела: Арсенал 66 бодови, Манчестер Сити 61, Манчестер Јунајтед 50, Тотенхем 48, Ливерпул 42, Њукасл 41, Брајтон и Фулам 39,…