Со поразот од Горица, ТФТ Моцарт ги загуби шансите за пласман во плејофот во АБА2 лигата, па до крајот на лигашкиот дел останува чесно да го одигра последните два натпревари.

Лошиот здравствен билтен и неколкумината клучни повредени играчи, како и катастрофално одиграните завршни 5.минути од првото полувреме беа причината за овој пораз, изјави по мечот теренот Боро Смилковски.

„Горица беше подобар противник. Ние одигравме без енергија очајни пет минути и тоа беше еден од клучните фактори за поразот. На, нас е чесно да ги одиграме следните два меча, па да ќе се насочиме кон домашното првенство, преку кое ќе се обидеме повторно и следната сезона да обезбедиме пласман во АБА конкуренцијата“, истакна Смилковски.

Следниот натпревар ТФТ ќе го игра во во среда (21 часот), а противник ќе и биде тимот на Борац.