Евролигата е пред еден од најважните моменти од своето 23-годишно постоење. Како што дознаваат Мундо Депортиво и РАЦ1, тимовите кои се сопственици на Евролигата мора да одлучат во текот на овој месец, дали ќе ја прифатат бизнисот понудата од Дубаи вредна 150 милиони евра.

Имено, Бордот на Евролигата, што е составен од 13-те клубови сопственици, а треба да се одржи во втората половина на овој месец, треба да реши дали ќе ја прифати понудата на Абдула Ал Набодаг, сопственик на КК Дубаи на чија иницијативата и со поддршка на шеикот од Обединетите Арапски Емирати, понудил 150 милиони евра за шест сезони, а клубот од Дубаи да ја добие организација на завршните „Фајнал-фор“ турнири во периодот од 2025 и 2029 година.

Контактите меѓу околу проектот датираат повеќе од една година, но се зголемија во последните месеци, до тој степен што делегација од највисокото раководство и претставници на 13-те клубови сопственици (Барса, Реал Мадрид , Басконија , Олимпијакос , Панатинаикос , Анадолу Ефес , Фенербахче , Макаби Тел Авив , Жалгирис , Армани Милано , ЦСКА Москва , Баерн Минхен и АСВЕЛ Вилурбан) го посетија Дубаи минатиот октомври за да дознаат повеќе за нивниот потенцијален нов партнер.

Меѓу оние кои го претставуваат Абдула Ал Набода, и се дел од неговиот тим во преговорите, се Босанецот, Дејан Камењашевиќ и Србинот, Ѓорѓе Ѓоковиќ, инаку брат на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.