Уште не залечени „раните“ од вчерашниот пораз од Татран Прешов и елиминацијата од ЕХФ Европската Лига, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги чека нов натпревар.

Веќе утре, повторно пред својата публика, пелестерци ќе го играат третиот натпревар во регионалната СЕХА лига. Во Битола гостува новосадска Војводина, тим кој во првата рунда славеше победа над Пелистер со пет голови разлика (29-24).

„Имаме само еден ден за да се подготвиме за натпреварот со Војводина во СЕХА лигата. Треба да заборавиме тоа што се случи против Мотор Запорожје, да ги подигнеме главите и да покажеме добра игра и добар натпревар. Ништо не е загубено оваа сезона, има уште многу да се игра. Ја повикувам публиката да дојде да нè поддржи и на крај сите заедно да се радуваме на нова победа“, вели Ненад Костески.

Со два порази во исто толку одиграни натпревари Еурофарм Пелистер е последен во конкуренција на Војводина и хрватскиот Нексе.

Утрешниот меч ќе започне во терминот од 18 часот.