Фудбалерите на Тотенхем го добија големото лондонско дерби против Челзи што се играше во рамките од 25.коло во Премиер лигата.

По релативно мирното прво полувреме во кое и немаше посериозни шанси за гол, на стартот на вториот дел односно 46-минута Оливер Скип го постигна првиот, за водсрво на домаќините од 1-0.

До вториот гол и тоа повторно во мрежата на Челзи се чекаше се до самиот финиш, кога во 82-минута, по корнерот од десната страна, Хари Кеј се најде на вистинското место и зголеми на 2-0.

Со оваа победа и трите освоени бодови, вкупно 45, Тотенхем останува на 4.место на табелата со четири бодови помалку од Манчестер Јунајтед и исто толку повеќе од Њу Касл кој има две средби помалку одиграно.

Челзи е се подалеку од позициите што носат пласман на европската сцена и како 10-то пласиран заостанува 10 бодови зад Њу Касл.