По „голеадата“ минатиот четврток на „Камп Ноу“ каде дуелот меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед заврши без победник со резултат 2-2, вечерва од 21 часот нé очекува натпревар од ист калибар како претходниот, овој пат на „Олд Трафорд“.

На официјалната прес-конференција холандскиот стручњак, Ерик Тен Хаг потенцира дека неговиот тим мора да го доигра најдобриот натпревар досега, доколку сака успех.

„Не знам како размислува Чави, но очигледно е дека Гави и Педри се одлични играчи. Иако се премногу млади имаат огромен ефект на играта на Барса. Но, има и играчи кој можат да ги заменат. Кога играте против таков тим како Барселона морате да играте најдобро, инаку нема да имате шанси. За да поминеме во следната фаза, мораме да го дадеме најдоброто од себе од оваа сезона. Ние веруваме во тоа и со нетрпение го чекаме тој натпревар. Играат две големи екипи на „Олд Трафорд“. Ќе биде врвна средба со масовна атмосфера и одличен амбиент. Мислам дека тоа е најдоброто што можете да го добиете.“, вели тренерот на Јунајтед.