Тимот на Рома, предводен од Жозе Мурињо продолжува со одличните игри во евро-куповите.

По титулата во конференциската лига, минатата сезона, Рома оваа година атакува на трофеј во Лигата на Европа.

Вечерва на преполниот ,,Олимпико” и одлична атмосфера која ја приредија навивачите, Рома со 2-0  го совлада Салцбург.

Со оваа победа Рома го доби двомечот со вкупен резултат 2-1 и се пласираше во следната фаза.

Резултатот го отвори Андреа Белоти во 33-тата минута. Италијанецот игра сезона за заборав во Серија А каде на 19 настапи нема ниту еден гол, но во Лигата на Европа максимално ја користи својата шанса, па ова беше трет погодок во оваа сезона во оваа натпреварување.

Само шест минути подоцна, најдобриот играч на Рома, Пауло Дибала со одличен волеј удар во 39-тата минута зголеми на 2-0.


Рома беше подобар противник во текот на целиот натпревар, а до крајот пропушти уште неколку шанси за уште поубедлив триумф.