На 86-годишна возраст, почина Крсте Чакар, долгогодишен истакнат ракометен работник и педагог.

Крсте Чакар роден во Белград 17.02.1937година. Родител на три сина, човек кој цел живот го посвети на спортската игра наречена ракомет.


Од млади години леворакиот топџија ги кинеше мрежите на сите противнички екипи. Еден од главните иницијатори и воедно и прецедател на меѓународниот боречки турнир Струшки Бисер кој долги години се организираше во градот на поезијата Струга. Одликуван со многу златни медаљи и плакети за неговиот придонес во спортот.

Автор на книгата посветена на фудбалскиот клуб Караорман кој бил формиран 1923година и како поклон према фудбалскиот клуб и неговиот татко Борис долгогодишен успешен тренер им ја подари книгата за 75годишнината од постоењето на ф.к.Караорман-Струга.
Тренер, професор, педагог, почитуван од сите што го познаваа и го опкружуваа со нивната присутност.


Успешен тренер во повејќе екипи низ нашата држава Р.Македонија.
Академски граѓанин со завршен Филозофски факултет отсек книжевност, каде со своето образование работеше како професор по македонски јазик и литература во Ц.С.О. Нико Нестор-Струга.