Српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ е новиот член на Еурофарм Пелистер соопштија од клубот.

26-годишен лев бек, кој доаѓа во Битола од белорускиот шампион Мешков Брест. Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија.

202-сантиметри високиот Стевановиќ запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во Битола на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година.

Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига Европа, а од четврток ќе се приклучи кон групата.

Неговото официјално претставување пред медиумите е предвидено кон крајот на неделата.

Дебито на Стевановиќ ќе биде дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер следниот викенд.