Со денешната победа над Лестер од 3:0 на Олд Трафорд фудбалерите на Манчестер Јунајтед се чекор поблиску до водечкиот тандем во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед сега има 49 бодови, три помалку од Манчестер Сити (52) и пет од водечкиот Арсенал (54).

Во периодот на рамноправна игра во првиот дел и неколку шанси за гостите кога свои минути имаше голманот на Манчестер Јунајтед Де Геа, нападот реализираше една од шансите за гол и Маркус Рашфорд го постигна првиот од своите два гола во 25.минута.

Вториот дел мина во целосна доминација на „црвените ѓаволи“ и Рашфорд реализираше уште еднаш во 58.минута.

За конечните 3:0 се погрижи Џејдон Санчо четири минути подоцна.

Следниот викенд Манчестер Јунајтед нема да игра натпревар од Премиер лигата бидејќи в недела на 26.февруари ќе го игра финалето на Карабао купот против Њукасл.