Фудбалерите на Шалке направија големо изненадување откако попладнево одиграа нерешено 0:0 на гостувањето кај второпласираниот Унион Берлин и со тоа не му дозволија на денешниот ривал да избие на чело на табелата. Ова за Шалке беше четврто реми во серија или оваа екипа нема 37 натпревари победа на гостински терен во Бундес лигата.

За домашната екипа денешниот нерешен резултат е секако разочарување бидејќи испушти шанса да се искачи на првото место на табелата во Бундес лигата откако вчера Барен загуби на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. Нерешениот резултат значеше и крај на серијата на Унион Берлин од пет победи.

По овој резултат Баерн е лидер на табелата со 43 бодиви и подобра гол разлика пред Унион Берлин со ист број бодови, а Борусија Дортмунд е трета со 40 бодови, но и натпревар помалку.Шалке остана на последното место на табелата со 13 бодови или четири помалку од Херта и шест помалку од Хофенјахм, Бохум и Штутгарт.

Во следното коло во Минхен ќе играат меѓусебе првите две екипи на табелата Баерн против Унион Берлин.