Војдан Стојановски, заслужено, го понесе признанието за најкорисен играч (МВП) на 30-тот завршен турнир од Купот „Благоја Георгиевски“.

Капитенот на македонската сениорска репрезентација одигра нај константно во трите натпреварувачки денови и беше и најдобар кога беше најпотребно во финалето со што му донесе нов трофеј на МЗТ Скопје Аеродром.

Војдан на теренот мина 31:57 минути во големото финале, реализираше 16 поени (5/10 од поле, и 4/4 од линијата за слободни фрлања), заедно со осум скокови, три асистенции за 23 индексни поени.