Во рамките на 23 коло од најдобрата италијанска лига, Серија А, Интер го пречека Удинезе на „Џузепе Меаца“ и запиша лесна победа со 3-1

Резултатот на натпреварот го отвори Лукаку  во 20 минута со прецизно изведен удар од белата точка, за водство на ,,Нероаѕурите” со 1-0.

Удинезе кон крајот на првото полувреме успеа да го изедначи резултатот  со голот на Ловриќ во 43. минута на асистенција на капитенот Переира.

Сепак Интер тргна посилно во вториот дел и имаше целосна доминација на натпреварот која резултираше со два гола во мрежата на Удинезе. Најпрвин  Мкитерјан во 73. минута со убав гол донесе предност од 2-1, за да резервистот на овој нагпревар, Лаутаро Мартинез во 89. ги постави конечните 3-1.

Нашиот интернационалец во редовите на Удинезе, Илија Несторовски не беше во составот поради повреда.

Со оваа победа Интер го задржа второто место во Серија А лигата 15 поени зад лидерот Наполи.