Францускиот гигант Лион, играше во одлична форма, а со победата над Ленс претходното коло делуваше дека фаќа ритам во битката за Европа. Меѓутоа сето тоа денес падна во вода, откако избраниците на Лорен Блан загуби на гостински терен кај претпоследниот тим во Лига 1, тимот на Оксер со минимални 2-1.

Натпреварот почна добро за Лион кои имаа повеќе од играта, а истото вроди со плод во 36-тата кога Муса Дембеле донесе предност од 0-1.

Работите тргна по зло за избраниците на Блан во вториот дел, кога за три минути Оксер приреди целосен пресврт.

Најпрвин Гаетан Перин во 50-тата минута од пенал донесе изедначување, а целосен пресврт приреди Бразилецот Јубал во 53-тата минута.

Ова е голем резултат за Оксер и прва победа после цели три месеци, со која дојдоа до 18 бода и се приближија до безбедната зона.

Лион ја прекина серијата од три победи и еден нерешен и остана на 35 бода и средината на табелата.