Екипата на Феникс ќе биде противник на МЗТ Скопје Аеродром финалето на 30-тото издание на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Ова откако во вториот полуфинален меч, одигран вечерва во СЦ Кале во Скопје, Феникс славеше победа над Пелистер.

Иако во еден период од втората четвртина Феникс имаше и најголеми 16 поени предност, сепак избраниците на Марјан Илиевски фатија ритам, па на паузата меѓу двете полувремиња, заминаа со три негатива (44-47).

Третиот период и не донесе резултатска разлика бидејќи истиот заврши нерешено 19-19 па и во последната четвртина Феникс влезе со +3 (66-63).
Во, него повеќе нерви и концентрација имаа скопските кошаркари па на крајот се радуваа на победа со 86-79.

Ветеранот Бојан Трајковски и младиот Амар Хот во победничката екипа остварија дабл-дабл. Трајковски со 18 пени и 12 скокови, а Хот со 18 поени и 10 скокови.

Така утрешното финале Феникс ќе го предизвика актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во финалето закажано за 19 часот и 30 минути.

Претходно од 16:30 часот ќе си игра финалето во женска конкуренција во кое бранителот на трофејот од лани Баскет Кам за противник ќе го има составот на МЗТ Скопје Аеродром.