Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром е првиот четвртфиналист на 30-тото издание на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Аеродромци ја оправдаа улогата на фаворити во четвртфиналната пресметка славеа победа над гевгелиски Кожув.

Победата МЗТ ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 10 разлика, а на полувремето замина со +16 (49-33). Второто полувреме беше чиста рутина па МЗТ на крај славеше со 80-68.

Кај победникот Дамјан Стојановски и Џастин Вер постигнаа по 19, додека Мичовиќ додаде 17, а Гордон со 27 поени за Кожув беше најефикасен на натпреварот.

МЗТ Скопје сега ќе го чека последниот четвртфинален меч меѓу бранителот на трофејот ТФТ Моцарт и Работнички што ќе се игра во терминот од 19:30 часот, за да го добие противникот за удреното полуфинале.

Првиот полуфинален пар ќе го дадат победниците од натпреварите Гостивар – Феникс и Пелистер – Еуро Никел.