По речиси три месечна пауза претстојниот викенд продолжуваат натпреварите во фудбалското првенство на Македонија во двете конкуренции.

Први на сцената во сабота излегуваат второлигашите.
Имајќи ја во предвид табелата, голема битка ќе се води за првото место, меѓу водечкиот Гостивар (37 бодови) и Вардар (36), а во конкуренција се и екипите Воска (34) и Пелистер (30).

Во таборот на вардарци, кои периодов минуваат низ големи проблеми, се свесни дека секој бод ќе биде „злато“ вреден.

Затоа голманот Филип Гачевски, со искрена порака до вардаровите навивачите „Комити“ да дојдат на стадионот и да го бодрат својот Вардар, порачувајќи

„Кога е најтешко да покажеме дека сме најсилни“

Вардар во сабота игра против Аресими, а почетокот на натпреварот е од 14 часот.