28-годишниот фудбалер, Ваљмир Нафиу кој игра на крилната позиција ќе биде позајмен во редовите на словачки Кошице. Договорот меѓу Шкендија и Кошице е играчот да остане таму до 14 јуни.

Нафиу е играч со големо искуство како во Македонија така и во Европа, а во Шкендија е од 2018 година. Во својата кариера настапуваше уште и за Ренова во ПМФЛ, како и за Скендербег (Албанија), АПОЕЛ (Кипар), Хамбургер (Германија), тим со кој има и настапи во Бундеслигата, а беше дел и од Базел (Швајцарија).

Кошице во моментов е во второлигашкиот ранг на словачкиот фудбал и се наоѓа на второто место на табелата, со желба за промоција.