Во Рабат се игра финалето на Светското клупско првенство, во кое досега се постигнати три гола.

Поблиску до трофејот е актуелниот европски шампион Реал Мадрид имаше предност од два гола во дуелот со со актуелниот Азиски првак Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Реал кој ја брка петата рекордна титула во ова натпреварување поведе со голот на Венициус во 13.минута, а само пет минути подоцна (18) Валверде го постигна вториот гол.

Интернационалецот од Мали, Муса Марега во 26-тата минута успеа да намали на 1-2 и да го врати во игра својот тим.

Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.