Тепачките во НБА лигата станаа секојдневие.

За само два дена немили сцени на НБА терените на два меча во ко учествуваа најмалку седуммина играчи. Барем според она што официјалните лица (судиите) го санкционира.

Таков беше случајот и на синоќешниот меч Минесота и Орландо кој патем го добија гостите, кога на 90.секунди пред крајот на третиот период, започна масовната тепачка во која учествуваа повеќе играчи од двата тима, а мораа да реагираат и тренерите од клупите, официјалното обезбедување, па дури и полицијата.

Епилог. Петмина исклучени играчи: Оустин Риверс, Тарел Прајс и Џаден Мекданиелс кај Минесота, односно Мо Бамба и Џејлен Сугс кај Орландо.

Како вовед на оваа масовна тепачка беше дуелот, одигран ден порано, меѓу Минесота и Кливленд на кој во третата четвртина дојде до физичка пресметка меѓу Дилон Брукс од „Гризлис“ и Донован Мичел од „Кавалирс“.

Епологот е суспензија на Брукс на еден натпревар, а Мичел е казнет со 20.000 долари.