Иако до почетокот на Европското фудбалско првенство има точно уште 500 денови, Европската фудбалска федерација (УЕФА), преку видео спорт, ги најавува стадионите на кои ќе се играат натпреварите на ЕУРО 2024-та.

Трикратниот победник Германија ќе биде домаќин на 17-то Европско првенство, а тоа ќе биде првиот голем турнир на Германија како домаќин по Светското првенство во фудбал во 2006 година.

Натпреварите на ова првенство ќе се одржат во десет градови домаќини, вклучувајќи го главниот Берлин, каде за 14 јули 2024, е планирано и големото финале.

Покрај на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, што е со капацитет од 70.000 места, натпреварите на ЕУРО 2024-та ќе се играат и во:
Алијанц Арена – 67.000, Минхен
Сигнал Идуна Парк Арена – 66.000, Дортмунд
Мерцедес-Бенц Арена – 54.000, Штутгарт
Велтинс Арена – 50.000, Гелзенкирхен
Фолкс Парк – 50.000, Хамбург
РајнЕнерџи Стадион – 47.000, Келн
Дизелдорф Арена – 47.000, Дизелдорф
Дојче Банк Арена – 46.000, Франкфурт
Ред Бул Арена – 42.000, Лајпциг

Првите натпревари во квалификациите за Европското фудбалско првенство започнуваат на 23 и 25 март, а во третата (Ц) група е репрезентацијата на Македонија, која за противници ќе ги има финалистите од последното ЕП во Русија пред четири години, актуелниот шампион Италија и вице-првакот Англија, селекцијата на Украина и Малта.

Во првото коло на 23 март, Македонија на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Малта.

Потсетување дека директен пласман на шампионатот ќе обезбедат двете прво пласирани селекции.