Селекцијата на Алжир, полесно од очекувањата се пласираше во финалето на Африканскиот куп на Нации, откако убедливо со 5-0 ја солвада репрезентацијата на Нигер.

Избраниците на Ѓамел Белмади, одлично влегоа во натпреварот,a само 15 минути беа потребни за да ја затресат мрежата на противникот со голот на Абделуи.

Ајмен Махиус со своите два гола во 23 и 34 минута донесе голема предност од 3-0. Агонијата на Нигер продолжи отакко Буреима со автогол донесе убедлива предност на противникот од 4-0.

Второто полувреме беше само формалност, а кончените 5-0 ги постави Бајазид во 83-тата минута од натпреварот.

Алжир во финалето ќе игра од подобриот од пресметката Сенегал – Мадагаскар.