Тимот од Кавадарци, Тиквеш ја засили својата одбрана во зимскиот преоден рок, а ново име во ростерот на Шефот на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов, е Цубара Алмир.

Алмир доаѓаа од босанското првенство, каде што досега настапуваше во редовите на ФК Игман Коњица – Босна и Херцеговина.

Двете страни се обврзаа на едногодишен договор со можност за продолжување на соработката.

Тиквеш имаше одлична полусезона, а пред почетокот на пролетниот дел се наоѓа на четвртата позиција со освоени 26 бода, два помлку во однос на Шкендија која е третопласирана, место кое води излез во Европа.