Кошаркарите на ТФТ откако се вратија на обврските во домашната лига ја постигнаа осмата победа во шампионатот. Тие вечерва го совладаа тимот на Чаир со 87:75 (33:8; 22:31; 14:23 и 18:13).

Сигурниот почеток и водството од 14:0 на стартот од натпреварот ја навестија сигурната игра на ТФТ и ја најавија победата. Крајот на првиот период доашниот тим го завршија со +25. Во продлжението тимот на Чаир успеа да намали, но предноста на полувремето се уште беше тешко достижна – 55:39.

Чаирчани направија уште еден обид за намалување на предноста на ривалот и по 30.минути ја намалија разликата на 69:62. Сепак во последната четвртина играчите на ТФТ повторно поведоа со двоцифрена предност за сигурна победа.

Најефикасен на дуелот беше Дарел Френклин од Чаир со 30 поени, додека кај победникот 24 поени постигна Третн Бартрик.

Последниот натпревар од 13.коло Работнички – Пелистер ќе се игра утре во СРЦ Кале од 17 часот.