Судискиот оддел на ФИБА ги потврди судиите за последните два натпревари од вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година, односно натпреварите на нашиот сениорски национален тим во рамките од Д групата.

На натпреварот од 5 коло, Словачка-Македонија, кој се игра на 23 февруари во Левице (од 18.часот), а правдата ќе ја дели судиската тројка: Венцислав Великов (Бугарија), Мехмет Сахин (Турција) и Март Ухендрик (Естонија). Во улога на делегат е Томаш Кудлицки (Полска).

Во последниот закажан за 26 февруари (18 часот), кој нашите најдобри кошаркари ќе го одиграат во Осло, против репрезентацијата на Норвешка, како официјални лица-судии, ќе бидат: Циприан Стоика (Романија), Чан Мавису (Турција) и Хавиер Торес Санчез од Шпанија, а делегат е Иван Бодроговари од Унгарија.