Ракометарите на Еурофарм Пелистер попладнево со дуелот против Војводина ја започнуваат новата сезона во СЕХА лигата.

Дека пелистерци ќе бидат на голем испит говори и стартната победа на Војводина која во воведниот меч од А групата, на домашен терен со резултат го совлада Нексе 31-25.

„Тешко е да се подготват овие два натпревари, бидејќи немаме брзина во нозете. Практично ова ни се први натпревари годинава. Суси не е најподготвен, Велковски исто така, па двајцата ќе останат во Битола. Репрезентативците се вратија и изгледа дека ќе бидат спремни да играат. Но, ги немавме на тренинг во Битола и првпат ќе ги видиме на патувањето за Нови Сад.
Го гледав натпреварот меѓу Војводина и Нексе и можам да кажам дека Нексе не играше како што нормално игра. Војводина играше без репрезентативците, но цела зима се заедно и може да се види дека добро се познаваат, воиграни се и играат убаво. Имаат ритам на натпреварите и во тој поглед се еден чекор пред нас. Треба да играме минута по минута и да видиме што ќе направиме“, изјави Ларс Валтер, тренерот на битолчани.

Натпреварот со Војводина што ќе се игра утре од 18 часот во Нови Сад, е првиот од двата кои Еурофар Пелистер ќе ги играат на гостински терен. Вториот е против Нексе веќе во четврток 2 февруари.