Сезоната од соништата за Наполи продолжува. Ниту Рома и Мурињо немаа решение за избраниците на Лучано Спалети, кои во финишот на натпреварот со голот на Џовани Симеоне дојдоа до 17 победа оваа сезона.

Виктор Осимхен го отвори резултатот и во 17-тата минута по асистенција на Квадрасцкелија донесе предност за Наполи од 1-0. Резервистот на Жозе Мурињо, Стефан Ел Шарави, во 75-тата минута по одличниот центаршут на Залевски, изедначи на 1-1.

Џокерот на Спалети во оваа сезона, Џовани Симеоне, кој во игра влезе во 76-тата минута, 9 минути подоцна ја затресе мрежата на Руи Патрисио, за конечни 2-1.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, натпреварот го почна од клупа, а доби шанса во 69-тата минута.

Наполи со оваа победа отиде на 53 освоени бода и дури 13 повеќе во однос на најблискиот конкурент, Интер.