Баварците се далеку од посакуваната форма, а потврда за тоа е новиот нерешен резултат, откако денес на домашен терен одиграа само 1-1 против Ајтрахт Франкфурт.

Се почна добро за играчите на Баерн, а Сане ја претвори иницијативата во предност од 1-0. Овој резултат беше активен се до 69-тата минута кога Коло Муани го матираше Зомер за 1-1.

До крајот на натпреварот мрежите и на двете страни, со што двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

Ваквиот епилог најмногу им одговара на Унион Берлин кој со победата над Херта со 0-2 дојде на само бод од лидерот Баерн, како и на Фрајбург и Лајпциг кои со победите над Аусбург односно Штудгарт го поминаа Ајтрахт оставајќи го на петтата позиција.

Табелата во Германија сега изгледа вака:

Баерн 37
Унион Берлин 36
Лајпциг 35
Фрајбург 34
Ајнтахт 32
Борусија Дормунд 31