Екипата на ТФТ со една победа и два порази го закружи својот настап на третиот ‘балон’  турнир во АБА2 лигата што се одржува Бања Лука.

ТФТ денеска славеше над Осиек славеше со 74-70, за што тренерот Боро Смилковски, изрази благодарност до неговите играчи за покажаната борбеност и карактер, но сепак жали што ТФТ од Бања Лука не се враќа со барем уште една победа на своето конто.

„Мислам дека заслужено го добивме натпреварот. Имавме пад на концентрација при крајот на мечот, но успеавме да го привршиме и заслужено да го добиеме на крај. Она што сум среќен дека екипата покажа карактер, особено по двата неуспешни натпревари, и со добра енергија и борба заслужено победивме. Можеби не успеавме да го оствариме она по што дојдовме овде, тоа се две, а можеби и три победни. Но, мислам дека оваа екипа има што да покаже и на последниот ‘балон’ и да се потрудиме да стигнеме до уште некоја победа во оваа дебитантска сезона“, истакна Смилковски по мечот со Осиек.

Во исчекување на останатите средби од оваа десеттата рунда ТФТ со скор од 3 победи и 7 порази е на 10-,место на табелата.