Едно добро полувреме недоволно за победа

Кошаркарите на ТФТ го претрпеа и вториот пораз на турнирот број 4 во АБА2 лигата што сега се одржува во Бања Лука.

Скопската екипа е поразена убедливо со 23 поени разлика 81-58 од Широки Бријег во натпревар од 9-тото коло.

Со само едно добро одиграни полувреме, првото кое ТФТ го доби со четири разлика (41-37), екипата од скопската населба Тафталиџе не можеше да се надева на позитивен резултат. Во второто полувреме ТФТ постигна само 17 поени, па неизбежен беше седмиот пораз во регионалното натпреварување.

Единствена светла точка во нападот на ТФТ беше ветеранот Александар Костовски со 14 постигнати поени (4 од 4 за три), додека Андерсон и Бишоп придодадоа по 10.

ТФТ во последниот меч од обој „балон“ ќе игра против Осиек во сабота од 12 часот.

Вториот македонски претставник, битолски Пелистер утре (15 часот) против Сутјеска ќе го одигра својот натпревар од ова 9-то коло.