Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски и покрај најавите дека ќе ја менува клупската средина, сепак ќе остане во унгарскиот прволигаш, Мезоковешд.

Бабунски денес стави потпис на нов договор со Мезоковешд, тим во кој настапуваше и претходната полусезона. По истекот на договорот во Декември, клубот излезе со соопштение дека двете страни не се договорија за продолжување на соработката и дека Бабунски кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.

Само месец дена подоцна, ситуацијата се смени, па клубот му даде нов договор и тоа во траење од 2.5 години. Од клубот потенцираат дека се среќни што Македонскиот играч за врска останува во нивните редови и среќни се што покрај понудите од други прволигаши од Унгарија, Турција и  Полска, како и понудите на неколку вторлигаши од Италија, Бабунски решил да продолжи во нивните редови.

За Давид Бабунски унгарскиот фудбал е добро познат со оглед дека и преходната сезона настапуваше во редовите на Дебрецин.