Македонската ракометна репрезентација попладнево (почеток 18 часот) го игра дуелот од 3.коло од групата 2 од „Президент купот“. По убедливата победа над Алжир (40:25) и поразот од Тунис (28:33), избраниците на селекторот Кирил Лазаров се пред нов испит особено што дуелот со Мароко е директен за второто место во групата. Поради подобрата гол разлика на нашата репрезентација и одговара и нерешен резултат за подобар пласман, зад селекцијата на Тунис која денеска игра од 15:30 часот против Алжир, но поради двете победи над Македонија и Мароко, тунижаните се веќе првопласирани.
Инаку, веќе е познат редоследот во групата 1 од „Президент купот“. Чиле е прв и за 25.место на 25.јануари ќе игра против Тунис. Јужна Кореја го освои второто место и ќе игра со второпласираната репрезентација за 27.место
Саудиска Арабија е трета и со поразениот од дуелот Македонија – Мароко ќе игра за 29.место, додека за 31.место ќе играат Уругвај против Алжир.