Репрезентациите на Данска и на Норвешка постигнаа победи на последните натпревари од групите од главната фаза и со тоа го освоија првото место во групите. Данска во Малме го победи Египет со 30:25. Решавачката предност светскиот шапион Данска ја направи кон средината на првиот дел кога поведе со 10:4. Предноста Данците успеаја да ја сочуваат до крајот на дуелот. Најефикасен беше Питлик со 8 голови, додека Ландин имаше 14 одбрани.
На дуелот во Катовице Норвешка постигна победа од 28:26 против Германија. Во финишот на дуелот голманот на Норвешка Бергеруд беше на ниво на задачата и со вкупно 12 одбрани, најголемиот дел во второто полувреме беше најзаслужен за победата на неговиот тим. Најефикасен беше Германецот Кнор со 8 голови.